Кон содржината
Екомагија ДОО
За нас

Основана во 2019 со една јасна цел.

Да понуди нов стандард за професионално одржување за модерниот деловен сектор.

Кои сме ние

Конзистентно одржување – секој ден

Екомагија е специјализирана компанија за професионални интегрирани услуги за одржување и хигиена на деловни објекти, која нуди едно целосно решение за сите потреби на вашиот бизнис.

Целосно внатрешно и надворешно одржување преку еден партнер. Еден договор, еден контакт и еден месечен паушал за сите услуги.

Нашата понуда опфаќа сè – од тековно чистење и одржување на канцеларии и деловни објекти, до генерално и хемиско чистење на нови и постоечки простории. Дополнително, обезбедуваме широк спектар специјализирани услуги во областа на хигиената и техничкото одржување, хаусмајсторски и занаетчиски услуги, како и уредување и одржување на паркови и зелени површини.

Од самото основање до денес, посебно внимание посветуваме на средствата што ги користиме во процесите на чистење и одржување на хигиената. Тие се сертифицирани и строго контролирани, а по потреба можат да бидат целосно природни и од органско потекло. На тој начин се грижиме вашите простории да бидат беспрекорно чисти, а истовремено нашата околина да остане заштитена и безбедна.

Препуштете го тековното одржување на вашиот деловен простор на искусен тим кој знае да одговори и на најсложените предизвици, додека вие се фокусирате на вашиот бизнис и на остварувањето на вашите цели.

Заедно можеме да поставиме нов стандард за професионално одржување на современиот деловен сектор.

Офис пакет слика
Нашата мисија

Прв впечаток што работи за твојот бизнис

Градиме вредност во секој простор преку врвно одржување, создавајќи здрава и безбедна работна средина.

Нашата визија

Квалитет што не варира – денес, утре и долгорочно.

Да го редефинираме професионалното одржување како искуство – чистота што се гледа, грижа што се чувствува и поддршка што се живее – поставувајќи нов стандард за здрави и безбедни деловни простори.

Три причини

Три причини зошто Екомагија

1

Соработката со нас е искуство, не само услуга

2

Добиваш партнер кој го создава првиот впечаток за твојот бизнис

3

Ветуваме конзистентни услуги – денес, утре и долгорочно

Гаранција

Нашите вредности и ветување

За да го гарантираме квалитетот и стандардот на нашите услуги за одржување и хигиена, применуваме јасно дефиниран механизам за контрола на квалитетот. Тој опфаќа второстепена проверка и потврда на извршениот работен налог, детална чек-листа со договорените и реализираните ставки согласно понудата или договорот, како и завршен записник од нашите супервизори, кои се директно доделени и одговорни за твојот бизнис или проект.

Нашата работа ја следиме и контролираме секојдневно, со цел навремено да обезбедиме конзистентен квалитет и исполнување на договорените стандарди. Доколку нешто не ги исполнува воспоставените критериуми или очекувањата на клиентот, реагираме навремено и го прилагодуваме начинот на работа, бидејќи довербата и задоволството на клиентите се основа на долгорочната соработка.

Ја цениме и охрабруваме отворената комуникација со нашите клиенти. Вашите забелешки, предлози и повратни информации се важен дел од нашиот систем за унапредување на услугата и ни помагаат постојано да го подигнуваме нивото на квалитет што го испорачуваме.

Контактирај не →

Побарај бесплатен увид во твојот објект.

Ни кажуваш што му треба на просторот, правиме увид и проценка и ги проценуваме реалните услови, добиваш понуда со индивидуален пакет на услуги прилагоден на потребите на твојот бизнис.

+389 72 706 705

Овој сајт користи колачиња за анализа на посетеноста.